Компанијата Apple наводно работи на 14,1-инчен MacBook Pro, тврди добро познатиот аналитичар за компанијата од Купертино, Минг-Чи Куо. Овој лаптоп ќе го замени 13,3-инчниот модел во Pro линијата, а најверојатно ќе пристигне со помалку рамки околу дисплејот и новата тастатура, како кај 16-инчниот модел.

Покрај 14-инчниот лаптоп, Куо предвидува дека оваа година ќе пристигнат и нов 27-инчен iMac Pro и 7,9-инчниот iPad mini. Овие три уреди, како и новите, 16-инчниот MacBook Pro, 12,9-инчниот iPad Pro и 10,2-инчниот iPad ќе имаат Mini-LED екрани.

Куо претходно објави дека Apple има намера да користи Mini-LED дисплеи во некои од своите производи, како и дека во третиот квартал планира на пазарот да го пласира iPad Pro, како и 16-инчниот MacBook Pro со Mini-LED во четвртиот квартал на оваа година. Сепак, сега тврди дека iPad Pro ќе пристигне во четвртиот квартал, како и новиот iMac Pro.

Новиот iMac Pro ќе биде прво освежување на овој компјутер, откако се појави во декември, 2017. година. Неговата иднина беше несигурна, посебно поради редизајнираниот Mac Pro.

Apple ја фаворизира Mini-LED технологијата во однос на OLED екраните, бидејќи нудат повеќе предности како локализираното затемнување и широкиот спектар на бои.