Sony ги претстави трите нови 4K проектори со неколку добри функции за гејмери, спортски фанови и љубители на филмот, доколку секако можете да си ги дозволите. Новите модели нудат вистински 4K со 60 fps, 10-bit color и HDR поддршка, одлични за 4K Blu-ray Netflix стриминг. Тие се исто така подобри за гејминг, благодарениа на новата функција која го редуцира застојот, иако од компанијата не прецизира за колку. Конечно, тука е и 4K Motionflow опцијата што е прилично лоша за филмови, но е корисна за одредени спортови.

Најдобриот модел е VPL-VW870ES, кој користи 4K ласерски извор на светлина и 18-делни целосно стаклени ARC-F леќи екстра остра слика. Тој доаѓа со 2,200 лумени светлина, што и не е така светло споредено со други слични модели. Но, Sony сепак се обидува да биде поискрен од останатите производители во врска со оваа функционалност, па така очекувајте да биде доволно светол во поголемиот дел од времето, дури и кога има малце дневна светлина во собата. Исто така, тука е и специјалната функција на Sony dual contrast control engine, која што обезбедува одличен контраст за игри и филмови.

Останатите два модела VPL-VW570ES и VPL-VW270ES, се послаби модели, но можат да заменат верзии кои чинат околу 5,000 и 4000 евра. Главната разлика е тоа што првиот модел е опремен со 1,800 лумени светлост, а вториот 1,500 лумени.

Проекторите беа претставени на IFA во Берлин, што значи дека најверојатно ќе бидат достапни само за европскиот пазар. Цените се уште не се познати.