Edge to Edge тенките рамки од само 6,6 милиметри го минимизираат одвлекувањето на вниманието од содржините не екранот

Компанијата BenQ ја објави G80 серијата монитори, со екрани од 24 до 27 инчи. BenQ GW2480, GL2580H, GL2580HM и GW2780 LED мониорите имаат Full HD 1080p резолуција, со избор на напредна IPS технологија на панелот, агли на гледање од 178 степени или TN панели со брзив одзив од 2ms.

За пространиот работен простор и модерен животен стил, BenQ G80 серија монитори нуди минималистички дизајн, но со модерна завршница и премиум текстури. Edge to Edge тенките рамки од само 6,6 милиметри го минимизираат одвлекувањето на вниманието од содржините не екранот.

G80 серијата ја одликуваат ексклузивните BenQ Low Blue Light и Flicker-Free технологии, кои го намалуваат заморувањето на очите во текот на подолгото користење на мониторот. Моделите GW2480 и GW2780 ја нудат Brightness Intelligence Technology, која активно го подесува осветлувањето во зависност од содржините на екранот.

ИЗВОР: Guru3D