Леталото Њу Хорајзн ја има својата следна дестинација на повидок – откако го посети Плутон во 2015 година, ова летало на 16ти Август ги направи првите фотографии на далечниот леден свет наречен Ultima Thule, потврдувајќи дека е на вистинскиот пат за да го посети истиот на 1 јануари.

Одалечени околу 160 милиони километри, приближно истото растојание на кое Земјата е од сонцето, малиот свет се појавува како незначителна точка во камерата на сондата.

Сликите поставија нов рекорд: На околу 6 милијарди километри од Земјата, тие се најоддалечените слики некогаш направени.

Со децении таа чест му припаѓаше на вселенскиот брод “Војаџер 1”, кој во 1990 година направи слики од Земјата и од нашите соседни планети од речиси иста далечина.

Официјално наречен 2014 MU69, Ultima Thule е дел од појасот Кујпери, материјал останат од формирањето на планетите пред 4,6 милијарди години.

Со испраќање на подетални слики и дознавање на хемискиот состав на површината на Ултима, истражувачите се надеваат дека ќе одговорат прашања за потеклото на нашиот сончев систем.