Четирите најголеми технолошки компании се здружуваат со цел на корисниците да им овозможат полесно примање, како и испраќање на податоци помеѓу нивните сервиси.
Имено, Google, Microsoft, Facebook и Twitter најавија дека на 20. јули го стартуваат Transfer Project (DTP) – „open-source“ иницијатива која служи за креирање алатки кои им овозможуваат на корисниците полесно да управуваат со своите податоци, што создава простор за отворен дијалог со програмерите и корисниците, што е еден од условите работите да се движат во подобра насока.
DTP ќе функционира со помош на серија адаптери кои ќе ги поделат API во лесно разбирливи пакети на податоци, а адаптерите ќе доаѓаат во две форми: како адаптери за „увоз“, како и оние за „извоз“ на податоци, но и оние за проверка чија задача ќе биде да обезбедат безбедност на податоците. Во теорија тоа значи дека некој корисник своите Instagram фотографии ќе може да ги испрати на Flickr или на Google Photos, а да не мора претходно да ги пренесе на својот уред, за потоа да ги постави на нова платформа. Кога ќе биде завршен, новиот систем би требало да покрива различни типови на податоци, вклучувајќи електронски пораки, контакти, потсетник, т.е. распореди.
Transfer Project се уште е во фаза на развој, па не е достапен за јавноста, а најавата ја следи и примената на GDPR регулативата во Европската унија, што е во склад со барањата сите компании да обезбедат некаков вид на алатка за првземање на податоци.
Извор: Benchmark.rs