Апликацијата Viber за iOS и Android корисниците, но не и за Windows 10 и Windows 10 Mobile ја активираше можноста за извршување на повици со до пет учесници во заеднички разговор. Опцијата би требало да им е достапна на сите со Viber v10.4.0 или поновата верзија на апликацијата.

Viber овозможува бесплатен гласовен групен повик за до пет учесници, плус бројот од кој се повикува, што значи дека можете да разговарате со до пет контакти истовремено. Viber повикот со повеќе соговорници се иницира од Viber група, со клик на иконата на слушалката или во тековниот повик се уфрла контакт по контакт, покрај активните соговорници.

Оваа можност прв пат беше најавена со големиот редизајн на апликацијата во рамките на Viber v10.0.0 верзијата, кога стигна и темниот режим и уште неколку интересни додатоци.

Viber групните разговори би требало да имате можност веднаш да ги испробате по ажурирањето на апликацијата, кое е достапно во AppStore и Google Play продавниците.