Телкомуникациската компанија Vip го претставува софтверското решение Pantheon Cloud за водење и унапредување на деловните процеси на компаниите.

Pantheon Cloud е современо софтверско решение кое ги опфаќа сите процеси во една компанија и енаменето за управување со производство, деловна аналитика, нарачки, фактурирање, сметководство, плати и слично. Може да го користат сите компании независно од дејноста во која работат. Прикладен еи за сметководствените бироа и нивните клиенти. Со Pantheon Cloud компаниите заштедуваат време,ресурси и ги намалуваат своите трошоци.

Pantheon Cloud решението преку Vip е особено погодно за мали и средни бизниси и сметководствени бироа, бидејќи корисниците ја плаќаат услугата онолку колку што користат, едноставно преку додавање или откажување на пакетот по потреба.

Во Pantheon Cloud портфолиото на модули за работа, покрај модулот за мали и средни претпријатија, Вип ги нуди и следните модули:

·  Pantheon трговија

·  Pantheon за големи компании

·  Pantheon сметководство

·  Pantheon за јавни институции

·  Pantheon производство

Сите модули се со различно прилагодени функционалности кои помагаат во секојдневното работење на компаниите што го користат Pantheon Cloud решението преку Вип.

Повеќе за оваа услуга можете да прочитате на www.vip.mk