Иако социјалната мрежа е на удар поради лошата заштита на личните податоци на своите корисници, се чини дека вработените во оваа компанија и тоа како се грижат за безбедноста на своите податоци.

Неодамна е откриено дека Facebook има “таен клуч” кој може да го отклучи сечиј профил и да дојде до најличните податоци.

Овој клуч се наоѓа во рацете на одреден број луѓе кои се под будното око на супервизори.

Меѓутоа, одвреме навреме, се случува некој од нив да ја злоупотреби својата моќ и нелегално да пристапи до податоците на своите колеги.

Тогаш се огласува таканаречената Saurin тревога, која вработените во Facebook преку мејл или директно на FB страницата ги известува дека на нивниот профил пристапил некој од нивните привилегирани колеги.

Иако постои веќе со години, дури неодамна дознавме за неа, а судејќи според вработените, оваа тревога најчесто се користи за тестирање на новите функции и решавање на багови.