Време е посериозно да се позанимавате со својот WiFi сигнал

Заборавете на исправање на грешките и шетање на рутерот низ станот – математиката докажа кое е најдоброто место за вашиот рутер.

Физичарот Џејсон Кoул смисли формула со помош на која можете да го откриете најдоброто место во станот за безжичен рутер – а се зависи од неговите планови и распореди.

Кoул почна да ја истражува науката зад поставувањето на рутерот во обид да го оптимизира сопствениот WiFi сигнал

За тоа да го постигне, најпрвин го мапираше планот на станот, ги одреди вредностите на преклопување на ѕидовите и потоа со помош на равенка ги моделираше електромагнетните бранови кои ги емитува рутерот.

На самиот почеток дојде до не многу возбудливо решение кое подразбира поставување на рутерот во самата средина на домот.

Но, секако, рутерот среде соба не е секогаш најубаво и најелегантно решение, а и често не е можно поради оддалеченоста на штекерите.

За понатаму да истражи се, Koul го модифицираше својот модел и додаде апсорпција во материјалите од кои се направени ѕидовите. Тоа му даде модел кој изгледаше слично на WiFi бранови.

На самиот крај дојде до (не толку изненадувачки) заклучок – што понатаму од рутерот, тоа ќе биде потешко да се фати сигналот. Но, ако го поставиме како што треба, неговиот сигнал ќе ја исполно речиси секоја соба.

Коул дури создаде и апликација која ќе ви дозволи да го мапирате сопствениот WiFi сигнал низ домот и да го одредите најдоброто место за својот рутер.