Илон Маск мораше да го отстрани светлечкото лого од зградата по жалбите на соседите.

Огромното светлечко лого X е симнато од покривот на облакодер во Сан Франциско, каде што го означуваше седиштето на компанијата X на американскиот милијардер Илон Маск, порано позната како Твитер, откако соседите се пожалија дека е премногу светло.

Градското одделение за згради доби 24 поплаки во текот на викендот, откако во петокот беше поставено џиновско лого X на покривот на седиштето на компанијата во центарот на Сан Франциско, а соседите се пожалија на силната светлина.

Во понеделникот поради тие поплаки почна симнувањето на логото.

Одделот соопшти дека Маск ќе плати казна за незаконско инсталирање на „светлосна структура“.

Компанијата Х соопшти дека отстранувањето било доброволно, објави Ројтерс.

Маск го купи Twitter минатиот октомври за 44 милијарди долари, а минатата недела го смени името на платформата во X.