Менди Гинзберг, сопственичка на гигантот Match што ги поседува Tinder, OKCupid, Plenty of Fish и Match.com, иако се смета поласкана со фактот дека Facebook гледа потенцијал во онлајн дејтингот, смета дека луѓето и натаму ќе бидат сомничави околу пружање на доверба во страница која нивните податоци ги користи за маркетинг.

“Искрено, изненадени сме со тајмингот, со оглед на многу личните информации кои корисникот ги дава при влезот на оваа територија. Без оглед на се, ќе продолжиме да ги воодушевуваме нашите корисници со иновација и насоченост на создавање на успешни врски. Оваа категроија ја познаваме подобро од сите други”, посочи Гинзберг.

Нејзините коментари се засновани исклучиво на деловните резултати. По објавата на воведување на дејтинг во Facebook, акциите на Match Group паднаа дури за 20 проценти.

Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг во текот на F8 конференцијата, одражана овој вторник, истакна дека компанијата ја става безбедноста и приватноста на личните податоци на прво место.

Конференцијата беше одржана помалку од еден месе по сослушувањето пред американскиот Конгрес и скандалот врзан за Кембриџ Аналитика.

“Оваа функција ја дизајниравме, имајќи ја во вид безбедноста и приватноста во прв план”, истакна тогаш Цукерберг.