Google неодамна направи мала и крајно суптилна промена која може скапо да ве чини.

Имено, компанијата одлучи да го отстрани своето копче “View Image” од својот пребарувач, со што се отежнува директното зачувување на сликите со авторски права.

Опцијата “View Image” претставуваше голема грижа за фотографите, издавачите и фотографските сајтови кои се наплаќаат бидејќи им дозволуваше на луѓето да добиваат фотографии со висока резолуција без потреба од посетување на оригиналниот сајт на кои тие се наоѓаат.

Сепак, и понатаму ќе можете да го посетите изворот на фотографијата со помош на копчето “Visit”, но од Google се надеваат дека на овој начин ќе се намали шансата луѓето да ги крадат сликите кои се заштитени со авторски права.

Оваа мала, но прилично важна промена доаѓа во моментот кога Google воспостави партнерство со компанијата Getty и доби право да ги користи нејзините фотографии за своите производи и сервиси.

Извор: Telegraf.rs