Bluesky, кој се позиционира како ривал на платформата X/Twitter, конечно е отворен за јавноста.

Ова значи дека веќе нема да биде потребна покана за да се најавите на Bluesky.

Од моментот кога Илон Маск го купи Твитер во октомври 2022 година, многу корисници на оваа социјална мрежа изгубија интерес за платформата.

Со падот на интересот за Twitter, подоцна X, шансата за појава на други платформи како Bluesky и Threads беа промовирани како потенцијални алтернативи на мрежата на Маск.

Bluesky се појави меѓу првите и го искористи методот на покана за да се најави. Ова траеше до 6 февруари годинава.

Сега, во блог пост, Bluesky објави дека платформата конечно е отворена за јавноста. Ова се случи откако Bluesky речиси една година користеше модел само за покана.

Веб-страницата TechCrunch објави дека Bluesky, пред ова отворање, имал околу три милиони корисници. Наспроти ова, од другите конкуренти на X, Threads има 130 милиони активни корисници, додека Mastodon има 1,8 милиони.

Откако се „отвори“ и ја направи платформата достапна за сите, Bluesky веќе во текот на првиот ден доби милион нови корисници.