Автор:

ФУТУРАМА

Роботот „Flippy” почна да пече хамбургери во американски ресторан

Роботот наречен „Flippy” започна да врти плескавици, односно да прави хамбургери во ресторан во американската сојузна држава Калифорнија. Роботот „Flippy” започна да работи во ресторан во Пасадена во Лос Анџелес…

ФУТУРАМА

Првата фотографија од црна дупка

Црните дупки се толку неверојатни, што првиот пат кога било теоретски претпоставено нивното постоење, не се верувало дека навистина постојат. Тие настануваат кога масивни ѕвезди колабираат во густи објекти од…

МОБИЛНИ, НАЈНОВИ

Овие 5 работи најбрзо ја трошат батеријата на iPhone

Батеријата на паметните телефони најбрзо се троши на студено време, но не е добро ниту да го полните телефонот на исклучително ниски температури. Прекраткото траење на батеријата е најголем проблем…

ИНТЕРНЕТ, Featured

Русија ќе активира сопствен Интернет?!

Ако санкциите на Западот доведат до исклучување на Русија од веб, оваа земја има подготвено сопствен интернет, барем така тврди помошник рускиот претседател Герман Клименко. „Технички, моментално сме подготвени за…

МОБИЛНИ, НАЈНОВИ

Високите цени може да го забават навлегувањето на 5G

Петтата генерација на мобилни мрежи веќе тропа на вратата, а првите стандарди беа прифатени пред неколку месеци. Според извори на онлајн изданието „DigiTimes“, сепак во индустријата има сериозни грижи дека…

Uncategorized

Југо со 160 километри на час, и тоа на мраз! (ВИДЕО)

Иако никогаш не стекна репутација на автомобил на кој можеш да се потпреш, напротив – го сметаат за најлошиот автомобил некогаш произведен, сепак во 80-­тите години Југо­ стигна и до американскиот пазар, а се појави и во неколку успешни холивудски остварувања. Денес сé поретко се сретнува на улиците, но понекогаш ќе сретнете модификувани верзии на тркачките натпревари. Сепак, во САД и натаму му се чудат. Реакцијата им е бесцената. Едно такво Југо се најде на „drag“ трка (во која се мери само брзината) во САД, и тоа на мраз, но со GM LS V8 мотор со волумен од 5.3 литра, и нитро забрзување. Резултатот е импресивен – со мотор од реномиран производител, Југо си ја враќа гордоста – достигнува брзина од 100 милји на час (160 км/ч) за само нешто помалку од 8 секунди. Извор: 365.com.mk

ФУТУРАМА

Загадувањето од бродовите се гледа и од Вселената

Фотографијата е снимена од сателитот Aqua на НАСА, кој во јануари годинава леташе над Португалија. На сликата се гледа тенок слој од облаци над брилијантното синило на Северниот Атлантик, кое е прошарано со бели линии од погусти облаци кои изгледаат како лузни или исекотини. Тие лузни, тие погусти облаци, објаснуваат од НАСА, се знак и резултат од бродскиот сообраќај кој се одвива под нив. Кога бродовите се движат по океанот, испуштаат гасови во атмосферата исто како и автомобилите. Тие масивни издувни гасови можат да „посеат“, т.е. формираат облаци од водена пареа. Тоа е зашто честиците од загадувањето, особено сулфатите, се раствораат во вода, па водените капки се закачуваат за нив, објаснуваат од НАСА. Соберете доволно такви честици на едно место, како што е случај при издувот на бродовите, и можете да формирате цел нов облак видлив дури и од вселената. Некои од „лузните“ од облаци се протегаат и до стотици километри. Научниците од НАСА претпоставуваат дека и овој вид облаци имаат некаков ефект врз глобалната клима, но со оглед на тоа дека имаат конкуренција и од низа други загадувачи, тешко е да се одреди што конкретно е тој ефект  

ФУТУРАМА

Lacoste го замени крокодил логото со загрозени видови на животни (ВИДЕО)

Познатиот моден бренд направи неколку нови лого симболи со цел да го насочи вниманието кон загрозените животински видови. Откако се потврди дека американската пума е истребена, светот сфати со која…