Бурата наречена Ѕверот од истокот погоди голем дел од Европа, а најголеми последици претрпеа Британците и Ирците.

Сепак, на невремето не остана имун ни животинскиот свет. Од фотографиите што беа споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека на брегот во Велика Британија водата исфрлила илјадници морски животни.

„Стотина илјади ѕвезди, ежиња, ракови и риби беа расфрлани на плажата по бурата. Успеавме да спасиме неколку ракови, но повеќето веќе беа мртви. Тажна и неверојатна глетка“, напиша Лара Мајклем, која за време на прошетката ја фотографирала плажата.

Фотографиите предизвикаа многубројни реакции на што експертите одговорија дека станува збор за последици од бурата и нема потреба за грижа.