На 26.02.2018, Европската Комисија и го одобри на Германија планот за финансирање на развојот на инфраструктура која ќе овозможи возење на електрични автобуси, како и набавка на истите. Се работи за инвестиција од 67 милиони евра, која предвидува и субвенции за набавка на електрични наместо дизел автобуси, како и изградба на инфраструктура за нивно полнење и одржување.

Компаниите кои се занимаваат со јавен превоз можат да аплицираат за финансиска поддршка, а нивната апликација ќе биде вреднувана и рангирана врз основа на следните четири критериуми: бројот на нови автобуси и време на реализација на проектот, намалување на вкупната емисија на јаглерод диоксид, подобрување на квалитетот на воздухот, транспарентност и отчетност.