Петтата генерација на мобилни мрежи веќе тропа на вратата, а првите стандарди беа прифатени пред неколку месеци. Според извори на онлајн изданието „DigiTimes“, сепак во индустријата има сериозни грижи дека навлегувањето на новата технологија може сериозно да биде одложено поради високите цени на производите.

Во моментов имаме објавени 5G чипови од Qualcomm (X50), Intel (XMM 8000) и Huawei (Balong 5G01), а наскоро се очекуваат слични решенија од Samsung, MediaTek и Spreadtrum. Сите, сепак, ќе бидат прилично скапи.

Засега, јасно е дека моделот Qualcomm X50 ќе чини 70% повеќе од сегашните LTE решенија. Проблемот во случајот е дека можностите за намалување на трошоците се ограничени од потребата чиповите да се произведуваат најмалку по 7nm процес, а можно е да се наметне дури преминување кон 5 nm технологија.

Според изворите на „DigiTimes“, производствените трошоци за 5G смартфон можат да надминуваат 1.000 долари, што автоматски ќе се одрази сериозно и на пазарните цени. Токму тука се и големите грижи дали потрошувачите би биле подготвени да потрошат такви суми за уред кој освен тоа ќе троши повеќе енергија и соодветно, ќе има кратка автономна работа.

Сите овие услови, најверојатно, ќе доведат до задоцнет влез на нови стандарди на масовниот пазар.

Секако во случајот ќе биде важен и односот на властите во одделните држави, како и желбата и можностите на операторите да ја субвенционираат транзицијата. На пример, во моментот веќе е познато дека владата во Кина донела мерки да помогне на локалните оператори при воведувањето на 5G технологија преку најразлични олеснувања.