Роботот наречен „Flippy” започна да врти плескавици, односно да прави хамбургери во ресторан во американската сојузна држава Калифорнија.

Роботот „Flippy” започна да работи во ресторан во Пасадена во Лос Анџелес и е првиот робот кој што целосно ќе замени еден работник во ресторан за брза храна во Соединетите Американски Држави.

„Flippy” користи технологија за препознавање на слика и детектира температура со цел да „знае“ која плескавица во кое време треба да биде завртена за да биде што е можно подобро испечена.

Овој робот може истовремено да испече до 12 хамбургери. Идентични роботи ќе бидат поставени на 50 локации, односно во рестораните од ланецот „CaliBurger”. Еден робот чини 60 илјади долари, како и дополнителни 12 илјади долари годишно за одржување.

Сепак, на „Flippy” се уште му е потребна мала помош затоа што може да направи грешки кои што човек не би ги направил, но јасно е дека со текот на времето ќе станува се „попаметен“.

Извор: Klix.ba