Google го продолжи временскиот период до кога неговите премиум функции за видео чет ќе им бидат достапни на училиштата и другите организации. Преименуваниот софтвер на компанијата, Google Meet сега ќе биде отворен за сите корисници на G Suite до 30. септември.
Компанијата претходно најави дека премиум функциите за Meet ќе им бидат достапни на сите корисници на G Suite и G Suite for Education до 1. јули. Премиум карактеристиките вклучуваат можност до 250 учесници да му се придружат на повикот, live stream поддршка до 100.000 гледачи и можност за снимање и чување на повиците.
Оттогаш компанијата истакнува дека секојдневно добива до два милиони нови корисници на Meet, со повеќе од 100 милиони ученици и наставници кои го користат Google Classroom, и пакет на образовни алати, кој го вклучува Google Meet.
We’re now supporting 2M+ new users on Google Meet each day, and 100M students+educators on Google Classroom. To help businesses & schools stay connected, we’ve extended free access to advanced features of Meet to all @GSuite customers through Sep 30, 2020. https://t.co/RLveeT1D4z
— Sundar Pichai (@sundarpichai) April 9, 2020
Проширувањето на Google доаѓа во момент кога ривалскиот Zoom се соочува со се поголем надзор на своите безбедносни пракси. Некои компании оттогаш го забранија софтверот, како и многуте училишни установи. Со продолжувањето на времето во кое неговите премиум карактеристики се широко достапни, би можелода му помогне на Google да ја наруши популарноста на Zoom.