Huawei почна со испорака на новиот фирмвер на ажурирање, заснован на EMUI 10.1.0.122, за P40, P40 Pro и веројатно P40 Pro+ моделите во Кина. Надградбата го имплементира новиот AI 50MP мод на камерата.

Новиот режим креира повеќе фотографии во текот на три секунди, а потоа ги сложува заедно во конечна фотографија од 50MP. Со оваа функција, компанијата планира да овозможи најдобра резолуција со помош на стандардниот Bayer сензор, како и Quad-Bayer сензор во рамките на P40 модел.

Објавени се и неколку фотографии, креирани по новото ажурирање. Засега не е познато кога уредит надвор од Кина ќе добие нов фирмвер.