WhatsApp во последно време редовно објавува ажурирања и нови функции за својата платформа. Сега се подготвуваат нови опции.

WABetaInfo известува дека WhatsApp подготвува промени на изгледот на профилот, вклучувајќи ја и опцијата за промена на корисничкото име.

Ажурирањето на Android бета споменува ново поле во делот на профилот на апликацијата, кое бара од корисниците да изберат свое единствено корисничко име.

Опцијата за креирање корисничко име ќе го приближи WhatsApp до начинот на кој корисниците комуницираат на ривалската платформа – Instagram.

Сè уште не е познато како ќе функционира корисничкото име на платформата за пораки, но тоа би можело да означи голема промена во начинот на кој луѓето се наоѓаат на WhatsApp, како и да ја зголеми нивната приватност.

End-to-end шифрирањето сè уште ќе работи на разговорите на WhatsApp започнати со кориснички имиња.

Сега се очекува WhatsApp и официјално да го потврди постоењето на споменатата функција, како и датумите на нејзината достапност за сите корисници на апликацијата. Пред тоа се очекува да биде достапен за бета корисниците.