Истражувачите од Институтот за океанологија „Шмит“, со помош на апарат за подводно снимање снимиле џиновска сифонофора од родот Аполемија.

„Многу е веројатно дека ова е најголем примерок кој го познава науката“, објавил Институтот за океанографија.

Ова кончесто суштество е пронајдено во водите на кањонот Нингалу во Индискиот океан , кај западниот брег на Австралија.

Научниците тврдат дека дијаметарот на надворешниот прстен на овој организам изнесува околу 15, а има должина од 50 метри.

Американскиот биолог Ребека Хелм претпоставува дека пронајдената сифонофора се развивала десетина или стотина години.

„Сум учествувала во многу експедиции, но никогаш не сум видела ништо слично“, навела Хелм, пренесува NewsWeek.

Повеќето примероци кои Хелм ги пронаоѓала, според нејзините зборови, не биле подолги од еден метар.

Сифонофорите се предаторски подводни колонии, кои се состојат од илјадници мали клонови. Тие се хранат со различни морски животни и риби.

Едни клонови вбризгуваат отров други мора да ја проголтаат жртвата и потоа дистрибуираат хранливи материи до сите колонии.

Некои видови на синофонора се смртоносни по луѓето.

Извор: B92.net