Иако Huawei MatePad Pro дури неодамна е објавен на глобалниот пазар, компанијата наскоро би можела да објави нов таблет уред од MatePad серијата.

Таблетот со ознака Huawei MatePad T 8″, би требало да биде подостапен модел со послаби спецификации. А сега, благодарение на дојавувачот Еван Блас (@evleaks), имаме прилика да видиме официјална фотографија од уредот.

За разлика од MatePad Pro моделот, MatePad T 8″ има поизразени рамки околу дисплејот. Исто така, уредот нема да има punch-hole дисплеј, а селфи камерата е сместена во горната рамка.

На задната страна, таблетот има еден камера сензор, но без LED блиц. Засега се уште нема премногу информации за MatePad T 8″ таблетот, но се очекува дека ќе го покренува Kirin 6-series чипсетот.