Google го продолжи временскиот период до кога неговите премиум функции за видео чет ќе им бидат достапни на училиштата и другите организации. Преименуваниот софтвер на компанијата, Google Meet сега ќе биде отворен за сите корисници на G Suite до 30. септември.

Компанијата претходно најави дека премиум функциите за Meet ќе им бидат достапни на сите корисници на G Suite и G Suite for Education до 1. јули. Премиум карактеристиките вклучуваат можност до 250 учесници да му се придружат на повикот, live stream поддршка до 100.000 гледачи и можност за снимање и чување на повиците.

Оттогаш компанијата истакнува дека секојдневно добива до два милиони нови корисници на Meet, со повеќе од 100 милиони ученици и наставници кои го користат Google Classroom, и пакет на образовни алати, кој го вклучува Google Meet.

Проширувањето на Google доаѓа во момент кога ривалскиот Zoom се соочува со се поголем надзор на своите безбедносни пракси. Некои компании оттогаш го забранија софтверот, како и многуте училишни установи. Со продолжувањето на времето во кое неговите премиум карактеристики се широко достапни, би можелода му помогне на Google да ја наруши популарноста на Zoom.