iOS 14 меѓу многуте подобрувања ќе донесе и проширена поддршка за курсор на глувче, според пишувањето на блогот 9to5Mac. iPadOS 13 воведе основна поддршка за маус, но требаше да влезете малку подлабоко во подесувањата за да ја вклучите. Сега со новото ажурирање, се очекува поддршката за глувче да биде многу побогата.
Сајтот 9to5Mac наведува дека многуте можности кои на корисниците им се познати од користењето на маус на Mac, ќе бидат донесени и на iPad. Еден од примерите е дека постојат различни видови на покажувачи во зависност од тоа преку што ќе премине глувчето. Движењата слични на оние на Mac, каде што со притискање со два прста правите десен клик, е нешто што моментно се развива за iPadOS 14.
Исто така, новата верзија на iPadOS се креира за да се извлече максимален потенцијал од новите Smart Keyboard модели, кои би требало да пристигнат со вграден тракпад.