WhatsApp наскоро почнува со тестирање пораки кои ќе исчезнуваат откако ќе ги испрати корисникот.

Целта на оваа опција е да ја сочува приватноста на разговорите, така што ќе биде испратена пораката, но ќе има можност за “чистење” на записот, наведува Independent.

Како што се додава, корисниците ќе можат да постават временско ограничување на пораките. Тоа значи дека можат да бидат испратени на вообичаениот начин, но дека потоа самите ќе се избришат, за да се спречи можноста некој да ги копира или сними на својот екран.

Засега функцијата е достапна во бета верзијата на апликацијата за Android. WhatsApp се уште работи на развој на оваа опција, но се уште не е јасно кога ќе им биде достапна на сите корисници.