Новиот кориснички интерфејс на камерата на Samsung Galaxy S9 што беше воведен со Android Oreo има еден паметен механизам за префрлање помеѓу различните начини на фотографирање, зависно од тоа каков квалитет преферирате во моментот. Некои од начините кои можете да ги изберете се, на пример, Auto, Pro, Super Slow-Mo, Panorama.

Една од најдобрите работи кај ова е тоа што корисникот сега има можност сам да го подеси поредокот и начинот на избор на овие режими на фотографирање. Оние модови кои најмногу сакате да ги користите можете да ги држите блиску до автоматскиот начин на фотографирање (или Auto), додека останатите кои не сакате да ги употребувате можете или во целост да ги оневозможите или едноставно ставете ги на крајот.

Одите во поставките на камерата и тука побарајте ја опцијата за менување на режимите за фотографирање. Уште една работа – режимите за селфи и задната камера се одвоени и функционираат независно едни од други.

Откако ќе дојдете до поставките, означете ги квадратчињата кои се наоѓаат од левата страна за сите оние модови кои сакате во целост да ги оневозможите. Единствениот начин на фотографирање кој не можете да го оневозможите е автоматскиот режим, кој по „default” е овозможен.

Од десна страна можете да ги користите стрелките за да ги повлекувате начините на фотографирање наоколу и на тој начин можете да го избирате нивниот редослед. Повторно имајте на ум дека автоматскиот начин на фотографирање секогаш ќе биде предефиниран режим кој камерата веднаш ќе го стартува.

Мислењата на корисниците се такви дека една од најдобрите конфигурации на начините на фотографирање е таква од левата страна биде сместен Pro, додека од десната страна ќе се наоѓа Super Slow-Mo режимот (може да биде и обратно, како сакате). Начините на фотографурање како што се Panorama, Live Focus и Hyperlapse можат да бидат „поодалечени”.