Компанијата Gartner ги претстави резултатите на истражувањето на пазарот на паметни телефони во првиот квартал на оваа година. Продолжува трендот на пад на бројот на испорачани смартфони, а во споменатиот квартал се испорачани 373 милиони паметни телефони.

Се работи за од 2,7 проценти на годишно ниво, а притоа треба да се издвои американскиот пазар, каде што падот на испораки изнесувал забележителни 15,8 отсто. Samsung ја задржа својата челна позиција и покрај намалувањето на испораките од 10 проценти.

Пред актуелните настани врзани за трговската војна помеѓу Кина и САД, компанијата Huawei успеа да го престигне Apple и да го заземе второто место (посебно благодарение на големите успеси на европскиот и домашниот кинески пазар).

По Apple, кој се наоѓа на третото место, следуваат кинеските компании Oppo и Vivo, кои успеаја да се сместат во петте водечки производители во првиот квартал, благодарение на подобрите резултати во однос на домашната (кинеска) конкуренција, односно компанијата Xiaomi, која сега е само на шестата позиција.

Како две клучни причини за глобалното намалување на испораката на смартфони, во Gartnet ги споменуваат намалениот број иновации и постојано зголемување на цените.