Пит Лау, соосоновач и CEO на компанијата OnePlus, во неодамнешно интервју зборуваше за иднината на OnePlus 8 серијата. Тој не го потврди конечното име на уредот, но откри некои интересни детали. Стандардната и Pro верзија на претстојните телефони ќе чини нешто повеќе, поради имплементацијата на 5G поддршка.

Не е тајна дека новите OnePlus телефони ќе бидат опремени со најновиот премиум Snapdragon 865 чипсет, како и  Snapdragon X55 модем, кој обезбедува 5G конекција.

Лау истакнува дека цената на телефонот ќе порасне, но исто така потврди дека уредите нема да чинат ни близу 1000 долари. OnePlus 7 Pro имаше почетна цена од 559 долари, така што за 8T Pro се очекува цена помеѓу 700 и 800 долари.

Новите OnePlus телефони се очекуваат во некој момент во текот на април.