Поголемиот дел од американските корисници на Facebook останаа верни на оваа социјална мрежа и покрај сознанијата дека компанијата злоупотребила податоци на повеќе милиони корисници без нивна согласност, покажуваат анкетите на Ројтерс.
Facebook се најде на удар на регулаторните тела, заговорниците за заштита на приватност и акционерите после скандалот со британската компанија Cambridge Analytica, која преку апликациите за квиз, поврзани со Facebook, на непримерен начин собираше бројни лични податоци од корисниците.
Анкетите покажаа дека Facebook поради скандалот нема никакви последици, освен главоболки поради односите со јавноста.
Половина од американските корисници на оваа мрежа се изјаснија дека и понатаму го користат Facebook во иста мерка како и порано, додека една четвртина од нив се изјасни дека повеќе не користат Facebook.
Кога станува збор за повозрасните, 64 отсто од испитаниците одговорија дека барем еднаш дневно го отвораат својот профил на Facebook, што е незначителен пад, во однос на 68 отсто од слична анкета спроведена во март.
Аналитичарот Мајкл Пачтер од компанијата Wedbush, смета дека Facebook има среќа поради тоа што британската компанија овие податоци ги користеше само за политичко огласување, а не во лоши цели.
„Уште чекам за да прочитам текст во кој се тврди дека барем едно лице доживеало некаква несреќа од злоупотребата на личните податоци. Вака и покрај злоупотребата, никој лично не е загрозен“, вели тој.
Од друга страна, извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, најави дека Facebook подготвува воведување на нови функции за контрола на приватноста, кои ќе им овозможат на корисниците да ја избришат историјата за пребарување на интернет страниците.
Цукерберг новата алатка ја спореди со опцијата за бришење на „cookies“ на компјутерот, но истакна дека за оваа новост ќе им бидат потребни неколку месеци.
Извор: B92.net