Google Trips е апликација на Google со цел да ги олесни аранжманите за патувања. Доколку сте ја користеле, добро е да знаете дека таа повеќе не е достапна за преземање. Компанијата официјално потврди дека ја сопира поддршката на Google Trips, со тоа што голем дел од функционалностите на мобилната апликација веќе се интегрирани со „Google Search“ и „Maps“.

Информации како што се белешки и зачувани локации ќе продолжат да бидат достапни. Корисниците треба да се најават на нивната сметка на Google за да ги видат и преземаат релевантните податоци на нивниот уред.

За во иднина, кога ќе сакате да пронајдете настани и други популарни локации, своето барање можете да го внесете во „My trips“, во новиот портал за патувања на Google. Во пракса, компанијата ќе престане да ја поддржува Google Trips, но нејзините карактеристики и податоците за патувања ќе бидат зачувани во нивните други популарни услуги, пренесе Engadget.