Google судејќи според се, почна со објава на офлајн режимот за Gmail на веб. Ова значи дека корисниците на Гмаил ќе можат да читаат и одговараат на мејл пораките дури и кога се офлајн. Секако, одговорите на мејловите кои се креираат онлајн, нема да можат да испратат пред да се воспостави интернет конекција.

Корисниците кои сакаат да ја искористат предноста на офлајн режимот за Gmail ќе мораат да го инсталираат Chrome 61 или понова верзија. Исто така, потребно е да одат во Settings опцијата и да подесат колку дена сакаат да им траат пораките во офлајн мод. Доколку постојат пораки кои се постари од подесениот датум, пристапот до тие пораки нема да биде можен.

За повеќе детали за офлајн режимот на Gmail, кој е дел од новиот дизајн, посетете ја Google страницата за поддршка.