Западен Сакраменто во Калифорнија покрена нова контроверзна програма која следи што пишуваат луѓето на социјалните мрежи.

Програмата ZenCity ги анализита сите јавни објави на Facebook, Twitter и Instagram за да дознае повеќе за размислуивањето на корисниците на социјалните мрежи, нивните ставови и интереси.

Градските функционери изјавија дека ова им овозможува брзо да реагираат на проблемите на гражаните, но многу граѓани стравуваат дека тоа води кон масовно собирање податоци, како што тоа беше случај со Cambrdige Analytica.

“Оваа програма ни овозможува да ја слушнеме целата заедница, а не само најгласните кои доаѓаат во нашите канцеларии”, изјави градоначалникот Кристофер Кабладон.

Западен Сакраменто е првата американска држава која ја прифати програмата ZenCity, но таа многу се користи низ светот. Поради неа, многу корисници на социјалните мрежи ги променија своите профили од јавни во приватни.