Се чини дека Asus се подготвува да претстави нешто понеобични паметни телефони. Однадвор, на прв поглед и не се разликуваат толку од останатите, се додека нивниот екран не се помести горе или долу. Тогаш ја откриваат својата посебност – двојниот лизгачки механизам.

Барем така прикажуваат рендерите кои ги објави Еван Блас, еден од најдоверливите дојавувачи кога се во прашање се уште непознатите уреди за јавноста. Сепај, тука се работи за концептуални рендери и фотографии на dummy уреди и нема никаква гаранција дека овие два смартфона ќе пристигнат на пазарот. Но, тоа не ги прави помалку интересни.

https://twitter.com/evleaks/status/1115688575306170368

Рендерите прикажуваат два различни концепта – секој од нив има екрани од раб до раб и без никакви засеци и дупчиња. Тоа е така бидејќи камерата доаѓа преку лизгачкиот механизам, односно со повлекување на екранот надолу.

Но, кога екранот ќе се повлече нагоре, зависно од моделот, на виделина изглегува или дополнителниот звучник (Harman/Kardon), или дополнителниот екран на кој (во овој случај) се наоѓаат дополнителни контроли за камерата. Но, овие контроли ќе биде можно да се користат единствено кога е во употреба главната камера. За управување на селфи камерата и натаму ќе се користи главниот екран.

Во согласност со трендовите, секој концепт има повеќе блицови и повеќе камери од двете страни на куќиштето. Инаку, рендерите наводно го прикажуваат Asus ZenFone 6, кој би требало да биде претставен на 16. мај. За остатокот од хардверот Блас не е наведе ништо, но бенчмарк AnTuTu сајтот објави – Snapdragon 855, Adreno 640 графика, 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање и екран со резолуција 2340 x 1080 пиксели.