Технолошките гиганти не мируваат. Откако во САД стана јасно дека над 50% од телевизорите во продажба се оние со 4К резолуција, дел од светските производители на електроника отидоа чекор понатаму.

UHD телевизорите, често нарекувани 4K со хоризонтална резолуција од речиси 4000 пиксели, веќе добиваат конкуренција. Новите модели на 8K телевизори кои се уште се во зачеток, полека почнаа да се појавуваат во малопродажба. Нивната резолуција од 7680 x 4320 со вкупно 33.177.600 пиксели нуди неверојатни перформанси и уште пореална слика.

Sharp веќе понуди еден таков модел – 70-инчниот LV-70X500E. По дебито во Кина во октомври и првите испораки во Јапонија и Тајван, овој ТВ уред со екран од 8K панел ќе се продава и низ цела Европа од крајот на април за 11.199 евра.