Работите не се секогаш такви како што изгледаат. Она што на Тројанците им изгледаше како подарок испадна дека е замка којашто им донесе пораз во војната, а она што вам ви изгледа како обична електронска порака којашто висоопштува дека сте станале милионер всушност може да биде опасна закана скриена зад зборовите коишто сакате да ги прочитате. Соодветно именуван „Тројански коњ“ или „Тројан“ е штетен софтвер којшто се преправа дека е корисен, а чијашто цел всушност е да манипулира со вашиот компјутер и податоците во него.

Тројанците се создадени и испратени од сајбер криминалци и хакери коишто се обидуваат да добијат пристап до системите на корисниците. Вообичаено, Тројанот се претставува како софтвер којшто му е потребен на корисникот, за потоа да се инфилтрира во системот и да ги направи податоците достапни за оној којшто го испратил. Притоа, тој се обидува да се прошири и во други компјутери и да ги спои во мрежа, којашто потоа ќе нанесе штета на корисниците. Откако ќе се активира, тој им овозможува на сајбер криминалците да ве шпионираат, да ги крадат вашите чувствителни податоци и да добијат пристап до вашиот систем. Слично како и дрвениот Тројански коњ испратен од Грците, Тројанот се инфилтрира во „безбедната зона“ на корисникот.

Првите знаци коишто ќе ви сигнализираат дека вашиот систем е инфициран со Тројан се: невообичаено спор компјутер, прекини во интернет конекцијата, присуство на непознат софтвер и модифицирани податоци за кои не се сеќавате дека сте ги измениле. Ова е ризик којшто сакате да го избегнете, бидејќи последиците можат да бидат од разновиден карактер: од влошено функционирање на вашиот компјутер, па сè до злоупотреба на личните податоци. Затоа, најпаметно е соодветно да се заштитите.

Интернетот e место за учење, размена на информации,забава, работа, но и место со опасни предизвици, коиштоиако не ги гледаме сепак можат да предизвикаат голема штета.

Најдобриот начин да ја осигурате вашата домашна мрежа е SafeNet HОМЕ на Македонски Телеком, единствената услуга специјално дизајнирана за да ве заштити од сајбер заканите коишто постојат на интернет. 

SafeNet HOME е дополнителна услуга интегрирана во мрежата на Телеком којашто го проверува реализираниот интернет сообраќај, ги елиминира потенцијалните закани и ве известува за извршените активности. Доколку детектира Тројан или друг тип на штетен софтвер, SafeNet ќе вепредупреди и ќе го блокира пристапот до заканата. Освен домашната, заштитете ја и мобилната мрежа со SafeNetMOBILE, услуга којашто се грижи за вашата безбедност додека сурфате на мобилната мрежа на Македонски Телеком.

Активирањето на услугата SafeNet HOME се врши многу едноставно, преку Telekom MK апликацијата, а за нејзино активирање не се потребни дополнителни инсталации. Заштитете се со SafeNet и движете се во дигиталниот свет без ризици и грижи.