Јутјуберот Акаки Кумери дизајнираше адаптер што се прикачува на Dual Sense контролерот за PS5 и ви овозможува да го користите со една рака.
Ова првенствено ќе им служи на играчите со хендикеп, а се очекува наскоро да го стори истото и за Xbox контролерот.
Кумери го сподели дизајнот на интернет, така што секој што има пристап до 3D печатач може да го направи.
Ова ќе биде голем чекор во создавањето поголема пристапност во игрите, и тоа е голема работа бидејќи компаниите не направиле ништо слично, така што овој потег би можел малку да ги разбуди заспаните гиганти и да ги натера да се позабават со овој проблем.