По паметниот часовник Realme Watch 2, Real Buds Q2 (RMA2010) слушалките, исто така, се сертификувани од FCC. Buds Q2 се наследник на минатогодишниот Buds Q модел, а имаат сличен дизајн на куќиштето. Заднната страна на слушалките е малку поголема, што може да овозможи полесна контрола.

На фотографиите се прикажани слушалки во црна и зелена боја, но можно е дека ќе постојат и други варијанти. Видлива е ознака за 400mAh батерија за футролата за полнење. Можеме да очекуваме Bluetooth 5.0 поддршка, подобрени драјвери, отпорност на вода и гејминг режим со мала латенција.

Претставувањето на Realme Watch 2 паметниот часовник и Realme Buds Q2 TWS слушалките се очекува во текот на првото тримесечје од оваа година.