Panasonic VR се првите очила кои нудат поддршка за HDR, а тука се и Technics драјверите во слушалките.

Најголем проблем со VR уредите е тоа што секогаш изгледаат како едноставни делови од опремата.  Panasonic на овогодинешниот CES ги претставил новите VR очила кои се разликуваат од другите, и на корисниците им нудат нешто што навистина изгледа како да е дел од иднината.

Така Panasonic очилата нудат значајни подобрувања, па micro OLED плочите имаат екстремно висока резолуција, што веќе ги разликува од другите слични производи. Тука има и некои ограничувања, па OLED плочите се помали од очекуваното, што ја ограничува сликата и аглите на гледање, па малку е веројатно дека очилата наскоро ќе се најдат на пазарот, барем додека не добијат некои подобрувања.

И покрај пропустите, овие очила се јасен сигнал за насоката во која се движи VR технологијата, па некои би рекле дека некој сличен производ на Panasonic во иднина би можел да влезе во практичната примена, и така виртуелната реалност да им се доближи на мејнстрим корисниците.

Извор: PC Press.rs