Подбрендот на Xiaomi, Redmi ќе го лансира своето најново семејство од средна класа во Европа на 26 јануари, како што веќе беше официјално објавено.

Претходно денеска, официјалниот профил на Xiaomi за Непал постираше објава на Twitter, но изгледа малку порано, па набрзо беше избришана.

Она што беше најавено во тизерот е дека Redmi Note 11 ќе доаѓа со 90Hz FHD+ AMOLED екран со централно поставен отвор за селфи камера и двојни звучници, чија европска премиера е закажана за утре.

Значи, претпоставуваме дека европскиот Redmi Note 11 би можел да ги има истите спецификации. Кинескиот Redmi Note 11 пристигна со LCD екран, а не со AMOLED, а бидејќи оваа разлика сега е официјално потврдена, може да има повеќе промени во меѓународниот модел. Се разбира, оваа недела нема да биде претставен само еден уред, туку цел асортиман – со најмалку Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11S ќе му се приклучат на стандардниот Notе 11 модел.