Новиот баг може да ги погоди вашиот iPhone или Mac компјутер, а сè што е потребно е да добиете порака со еден специфичен карактер.
Проблемот е откриен на почетокот на оваа недела, а само еден карактер на индиски јазик (Telugu) може да го „урне“ вашиот iPhone и да направи апликациите како што се Messenger и WhatsApp да бидат недостапни.
Оваа грешка исто така може да ги погоди и вашиот Safari браузер, вградената Messages апликација на macOS и Apple Watch.
И додека iOS 11.3 надградбата го поправи овој проблем, Apple планира да објави и дополнителен апдејт за iOS 11 кој ќе го реши проблемот побрзо, затоа што првиот апдејт се очекува дури да излезе на пролет.
Тоа значи дека многу од сопствениците на iPhone наскоро би можеле да добијат верзија со ознака 11.2.6, за да не мораат да ја чекаат 11.3 верзијата.