Signify’s Philips Hue светилките секако може да се користат за осветлување на вашите ѕидови, но сепак нивната првична намена е сосема друга. Дури и LightStrips се главно наменети за акцентирање на светлото, а не како главен извор на светлина во собата. Па така, тука вмешува прсти најновата иновација на компанијата. Hue Play и Hue Signe се исклучиво дизајнирани да ја одбиваат колоритната светлина од вашите ѕидови и да обезбедат амбиенталност. Hue Play е компактна светилка која ви овозможува уживање при гледањето телевизија без никаква директна светлина која понекогаш знае да му пречи на човековото око, додека пак Hue Signe претставува вертикална алатка која е дизајнирана да се вклопи во вашиот мебел без да заземе значителен простор.

Компанијата ги пласира како идеални за да го надополнат системот на забава во дневната соба, каде што би се вклопиле со филмовите, музиката и игрите. И искрено кажано, тие би можеле да бидат особено пригодни во ситуации кога сакате колоритност во амбиентот, а не сакате да користите конвенционални светилки или ленти.