Според извештаите, најмоќниот телефон на Xiaomi ќе излезе на пазарите ширум светот оваа година.

Откако Xiaomi Mi 11 Ultra беше многу добро прифатен во 2021 година, сите со нетрпение го очекуваа објавувањето на моделот 12 Ultra. Но, кога кинеската компанија го објави 12S Ultra, одлучи да не го лансира глобално, наводно поради недостигот на чипови што беа забележани во текот на 2022 година.

Сепак, Xiaomi 13 Ultra се очекува да се појави на светските пазари оваа година. Оваа информација доаѓа од угледен извор, дојавувачот Ice Universe.

Се очекува Xiaomi 13 Ultra да биде премиум телефон со моќен систем на камера, а се појавија и некои скици кои укажуваат на изгледот на телефонот.

Засега не е познато кога ќе биде претставен 13 Ultra, а некои информации говорат дека тоа ќе се случи веќе во текот на април. Тоа би било преседан, бидејќи Xiaomi 12S Ultra беше објавен во Кина во јули минатата година.

Покрај премиум камерите, кои се оптимизирани од компанијата Leica, Xiaomi 13 Ultra треба да го користи и чипсетот Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, како и интерфејсот MIUI 14 базиран на Android 13.