Vivo официјално го претстави својот смартфон Vivo X60 Pro+. Уредот се одликува со 6,56-инчен FHD+ AMOLED дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, поддршка за HDR10+ и селфи камера од 32MP во punch-hole отвор. Телефонот работи со најновиот премиум чипсет Snapdragon 888 со вградена поддршка за 5G, и има до 12 GB LPDDR5 RAM меморија.

На задниот дел од уредот се наоѓа 50MP главна камера, со Samsung GN1 сензор и Zeiss T* композитна повеќеслојна заштита. Тука се и 48MP Sony IMX598 114° ултрашироката камера, 32MP 50mm портрет камера со 2x оптички зум и 8MP 5x перископ телефото сензор со до 60x зумирање. Предните и задните леќи се покриени со нанокристал заштита.

Vivo X60 Pro+ имплементира двослоен степенаст дизајн, со различни материјали од стакло и метал, и користи слоеви за давање на чувство за дебелина. Задниот дел има високо квалитетна завршна обработка од кожа. Телефонот користи батерија од 4200mAh со брзо полнење од 55W.

Останатите карактеристики на уредот вклучуваат сензор за отпечатоци во екранот, Android 11 со OriginOS 1.0 интерфејс, 128/256 GB UFS 3.1 простор за складирање. За конекцијата се задолжени 5G SA / NSA, Dual 4G VoLTE, Wi-Fi 802.11 ax, Bluetooth 5.1, GPS (L1+L5 Dual Band) + GLONASS, USB Type-C.

Vivo X60 Pro+ пристигнува во Deep Sea Blue и Classic Orange бои, со цена од околу 773 долари за 8 GB + 128 GB моделот и околу 928 долари за 12 GB + 256 GB варијантата. Телефонот од 30. јануари најпрвин ќе се нуди на кинескиот пазар.