Од компанијата Apple се очекува во септември да ги претстави новите iPhone модели. Благодарение на CAD скицата, која се појави на социјалната мрежа Weibo, имаме можност да го видиме дизајнот на iPhone 13 Mini.
рендерите покажуваат дека дизајнот на идниот iPhone Mini модел е идентичен со сегашниот актуелниот iPhone 12 mini, освен системот за камери, кој би можел да биде нешто поинаков.
Системот на камери за iPhone 13 mini останува квадратест, но распоредот на сензори е изменет и наместо вертикално, камерите сега се поставени дијагонално. Исто така, се чини дека микрофонот од камера модулот е преместен на друго место.
Според наводите, iPhone 13 mini ќе го задржи 5,4-инчниот дисплеј и ќе ги има истите димензии како iPhone 12 mini. Телефонот ќе користи нова технологија за зголемување на капацитетот на батеријата и ќе има подолго траење на батеријата во однос на својот претходник.