Минатиот месец се појави патент на компанијата Sharp, кој опишуваше флексибилен телефон кој се свиткува вертикално. Сега имаме увид на раниот прототип на овој уред, а во живо се работи за прилично интересен паметен телефон.

Флексибилниот смартфон има 6,18-инчен AMOLED панел со 3040 x 1440p резолуција и голем засек. Телефонот се свиткува кон внатрешноста, по средина. Sharp тврди дека уредот е способен да издржи 300.000 свиткувања, така што долгорочната издржливост нема да биде проблем. Официјалните лица на компанијата веруваат дека ќе постои голема заинтересираност за ваков уред, бидејќи овозможува големи предности кога е во прашање преносливоста.

Sharp очекува дека во рок од неколку години ќе успее да го комерцијализира овој формат. Ова делува како предолг период, посебно ако се има во вид дека другите производители веќе ги објавуваат своите флексибилни модели.