Samsung пред неколку дена објави телефон Galaxy A53 5G, а сега јужнокорејската компанија се подготвува да објави нов телефон од серијата А, кој треба да биде Galaxy A54 5G.

Сајтот LetsGoDigital објави концептен рендер, кој покажува како би можел да изгледа Samsung Galaxy A54 5G кога ќе биде објавен, а откриено е и што може да се очекува на полето на спецификациите на уредите.

На предната страна, телефонот има заоблени рабови околу екранот и минимални рамки. Во центарот може да се види „punch-hole“ отвор за предната камера. На задната страна е систем со четири камери, сместен во правоаголен модул во горниот лев агол.

Galaxy A54 5G наводно ќе има 6,5-инчен AMOLED екран со Full HD + резолуција и освежување на екранот од 120 Hz, но постои можност големината на екранот да биде помала. Во полето на камерата, телефонот може да има главен сензор од 64 MP, ултра широк 12 MP, сензор за длабочина од 5 MP и макро сензор од 5 MP. Од предната страна се очекува камера од 32 MP.

Телефонот може да се нуди во две верзии: 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање, или 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Се очекува и MicroSD слот за дополнително да го прошири просторот за складирање.

На полето на софтверот, се очекува Galaxy A54 5G да пристигне со оперативен систем Android 12 и кориснички интерфејс Samsung One UI. Ќе се напојува од батерија од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење.