Одделението на Xiaomi во Малезија објави дека Redmi 9A и Redmi 9C телефоните ќе бидат претставени на 30. јуни. Двата модела ќе бидат исклучително достапни, а компанијата ветува голема батерија и голем дисплеј.

Спецификациите на Redmi 9A и Redmi 9C моделите се појавија неодамна, а двата телефона ќе го користат истиот 6,53-инчен LCD панел со HD+ резолуција (1600 x 720p) и ќе има голема батерија со капацитет 5000mAh.

Redmi 9A би требало да има една 13MP камера на задната страна, а судејќи според протечените рендери, ќе биде присутен и еден LED близ. Дизајнерските елементи се фокусираат на препознатливото Redmi брендирање, а корисниците ќе се стимулираат да ги креираат фотографиите хоризонтално.

Redmi 9C е забележан во две варијанти – една без NFC поддршка и со три камери (13MP + 5MP + 2MP) и друга со NFC чип и само две камери (13MP + 2MP). Се очекува дека двата модела ќе имаат USB-C порт, 3,5mm приклучок и ниска цена.