Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената.
Договорот го потпиша во седиштето на НАСА министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот амбасадор Драган Шутановац и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува Танјуг.
Значење за Србија
Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека приклучувањето кон договорите ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот.
„Србија е посветена на истражување на вселената за мирни цели и почитување на меѓународното право, па затоа овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешки дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, рече Ѓуриќ.
Тој додаде дека за Србија ова значи приклучување кон кругот на земји со кои САД имаат воспоставено партнерство и пријателска соработка.
Што се договорите „Артемис“
Договорите „Артемис“ беа лансирани во 2020 година од НАСА и американскиот Стејт департмент, со поддршка на седум земји основачи. Иницијативата беше лансирана за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА
Поврзани артикли
