Разорната експлозија што се случи во реакторот 4 на електраната во Чернобил во 1986 година и предизвика нуклеарна катастрофа, сè уште е предмет на истрага.

Иако денес туристите можат да одат во Припјат и Чернобил, има некои делови што сè уште се недоволно испитани.

Една од мистериите до неодамна беше реакторот 5, кој беше во завршна фаза на изградба за време на експлозијата. Бидејќи тој се наоѓа во зона на ризик, научниците не биле сигурни дали во него се наоѓаат метални шипки со осиромашен ураниум.

Со помош на новата технологија, минатата година, 33 години подоцна, научниците добија можност да ѕирнат во петтиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил.

Имено, специјално дизајнираниот дрон „Елиос 2“ од компанијата „Флајабилити“ имал задача да прегледа една од најопасните и најнедостапни локации во светот. Мисијата била многу тешка бидејќи беспилотното летало морало да прелета преку ѕид висок 70 метри, поради што постоела можност да се изгуби сигналот, а со тоа и „Елиос 2“.

Сепак, летот бил успешно изведен, а научниците ја добиле посакуваната информација: басенот на реакторот 5 е празен и без нуклеарен отпад.

Извор: Nationalgeographic.rs